Цеца по 32 години живот во Белград сака да се врати во Житораѓа, селото од каде потекнува

Фолк-ѕвездата Цеца Ражнатовиќ признала дека би сакала да ги спакува куферите и да се врати да живее на село.

Пејачката со потекло од Житораѓа изјавила дека Белград и се смачил, каде живее веќе 32 години.

– Би сакала да отидам на село, но обврските не ми го дозволуваат тоа. Се гушам во смогот во Белград, но трпам – изјавила Цеца и додала дека и нејзиниот син Вељко сака село, па за тоа за свој дом го избрал Тител.

– Уште како дете многу сакаше село, бидејќи таква средина му влева мир. За тоа и изгради свое царство во кое ужива надалеку од градот – рекла Цеца, додека за разлика од него, на Анастасија повеќе и одговара градот.

Треба да знаете
Последни објави