Џенифер Лопез снима филм во Ванкувер

Џенифер Лопез беше забележана во понеделникот во Ванкуфер како снима сцена за нејзиниот најнов филм.

52-годишната холивудска ветеранка се трансформира во лик како убиец, облечена во кафеава бомбер јакна со постава во крем боја и авијатичарски очила за сонце.

Изгледот на атентаторка го дополни со темни товарни панталони и борбени чизми.

Сцената е снимена на аеродромска писта, каде што таа излегува од транспортер за багаж.

Во близина беа членовите на екипата од филмот, како и црн теренец, кој скриениот лик го користи за да избега.

Филмот „Мајка“ е оригинален проект на „Нетфликс“, прв во новиот партнерски договор меѓу стриминг-гигантот и Nuyorican Productions, продукциска компанија на Лопез.

Трилерот го режира Ники Каро, а сценариото го напиша Миша Грин.

Џенифер глуми жена убиец која е принудена да се откаже од својата ќерка, но се враќа години подоцна за да ја заштити од група опасни луѓе.

Снимањето започна во Канада оваа недела и треба да заврши до крајот на јануари.

Треба да знаете
Последни објави