(Видео) Приведен е човекот кoj со вперен пиштол се шеташе низ „Бисер“

Мажот кој утрово со пиштол се шеташе низ ТЦ „Бисер“ во населбата Аеродром во Скопје е приведен, информираат од полицијата. Станува збор за човек со здравствени проблеми, а пиштолот бил пластичен.

-Денеска, околу 09.20 часот полициски службеници од Полициска станица Аеродром, постапувајќи по претходна пријава, во трговски центар на подрачјето на Аеродром го затекнале Ш.Л.(19) од Скопје, лице со здравствени проблеми, кој носел пластичен пиштол (играчка). Од страна на полициските службеници, пиштолот и футролата му биле одземени, информираат од МВР.

Треба да знаете
Последни објави