ВМРО-ДПМНЕ упорно ја политизира несреќата и ги злоупотребува чувствата на граѓаните, истрагата тече, одговорност веќе има

ВМРО-ДПМНЕ не престануваат да ја политизираат несреќата и ги злоупотребуваат чувствата на семејствата на починатите во тетовската модуларна болница во дневно политички цели на крајно низок и неморален начин.
Утврдувањето на причините за пожарот се само еден сегмент од истрагата, а во меѓувреме се уште се чекаат и резултатите од вештачењето на германските експерти.
Веќе има и одговорност од директорите на тетовската болница кои поднесоа оставки, а кои ќе бидат разрешени по изборите, согласно законите.
ВМРО-ДПМНЕ, неодговорната, антинародна партија предводена од Христијан Мицкоски продолжува со своето деструктивно однесување на штета на граѓаните и здравствениот систем.

 

Треба да знаете
Последни објави