Претседателот на Австрија, Александар Ван дер Белен, ја предупреди Народната партија на Австрија (ОВП) за канцеларот Себастијан Курц, која по претресот на просториите на Обвинителството за економски криминал и корупција, го нападна судството.
„Обвинението дека судството е еднострано, покажува непочитување на уставните институции на Австрија“, подвлече Ван дер Белен.
Тој реагираше на изјавите на пратеникот на ОВП, Андреас Хангер, кој зборуваше за левичарски ќелии во Обвинителството за економски криминал и корупција.
Канцеларот Курц, исто така, зборуваше за „измислени обвинувања“ според системот за користење на дел од СМС пораките и нивно ставање во погрешен контекст со цел како што рече, конструирање кривични обвиненија.
Претседателот Ван дер Белен рече дека граѓаните биле сведоци на многу необичен и тежок чин. Тој потсети дека биле извршени неколку претреси во просториите и дека Обвинителството спроведува истрага во нова насока.
„Задачата на судството е да ги испита сомнежите, без оглед на статусот на лицето“, подвлече тој.
Рече дека е важно да се биде свесен за основата на владеењето на правото, а тоа е принципот на поделба на власта.
Во моментов, додаде тој, се знае само дека се води истрага и дека е право на секој човек да го каже своето мислење, но да се даваат општи обвинувања против судството е незаконско преминување на границите.