Емисионите вредности на цврсти честички од Макстил се на минимално ниво

Минимално ниво на емисионите вредности на цврсти честички и многу пониски од граничните вредности пропишани од Министерството за животна средина и просторно планирање, покажаа мерењата во Макстил. Мерењата се правени на двете контролни точки во двата производни погони и го опфаќаат периодот од јануари до септември, кога компанијата активно и континуирано работи со полн капацитет. На мерната точка „Оџак на Пескара“ каде граничната емисиона вредност е 30 mg/Nm3во овој период најниска вредност е измерена во јануари 0,32 mg/Nm3,а највисока воавгуст со измерени вредности од3,39mg/Nm3. На втората контролна точка „Оџак од филтер постројка“најниската измерена вредност е во септември и изнесува 0,3mg/Nm3, а највисоката во јули и изнесува 8,08mg/Nm3. Наоваа мерна точкапропишаната граничната емисиона вредност е 20 mg/Nm3.

Потврдените вредности, исто така се пониски и од дефинираните гранични емисиони вредности во А-интегрираната еколошка дозвола и од пропишаните европски гранични емисиони вредности. Континуираното намалување на вредностите е резултат на инвестициите на Макстил во современи технолошки процеси за контролирање на производството и е согласно општествено одговорниот однос кон заедницата и максималното намалување на емисиите на цврсти честичкиво воздухот.

Во прилог на ова соопштение е пресекот на емисионите вредности на цврсти честички во периодот јануари до септември, 2021 година.

Треба да знаете
Последни објави