Амбасадорот на Катар во Русија шеикот Ахмед бин Насер бин Јасим Ал Тани зборуваше за трошоците на Катар кои ги направи во подготовките за организација на Светското фудбалско првенство во 2022 година.
– До овој момент нашата држава потроши околу 200 милијарди долари за организација на турнирот. Оваа сума ги вклучува трошоците за изградба на стадиони, метро, аеродроми, нов град, пристаниште. Се надеваме дека ќе успееме да организираме светско првенство од кое целиот свет ќе биде воодушевен. Сакаме Катар секогаш да биде напредна држава, еден вид локомотива, да даде пример во сите области. Имаме многу широка интеракција со Русија во оваа насока. Гледавме како Русија го организира Светското првенство во 2018 година, беше прекрасно, брилијантно, затоа се стремиме да разменуваме искуство со Русија, ја пренесува руската новинска агенцијата „ТАСС” изјавата на амбасадорот.
Светското првенство во Катар ќе се одржи од 21 ноември до 18 декември 2022 година во пет градови и осум стадиони. з