СДСМ им служи на граѓаните и затоа после 30 години носиме храбри и одлучни одлуки и имаме јасна визија за исполнување на реалните потреби на граѓаните, за реални развојни проекти. Граѓаните сакаат луѓе што се достапни, луѓе коишто се од акција, граѓаните сакаат проекти коишто ќе им овозможат квалитетни услови за живот, такви се проектите на СДСМ, такви се проектите на на кандидатот за градоначалник на општина Росоман, Стојан Николов, порача на денешната граѓанска трибина во Росоман, генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски. На трибината на којашто присуствуваа кандидатот за градоначалник на Росоман, Стојан Николов, претседателот на СДММ, Марко Михаилоски и членот на ЦО на СДСМ, Трајан Димковски, се презентираа тековните и идните проекти за развој на Росоман.
„СДСМ работи системски, поставивме систем којшто им служи на граѓаните и затоа после 30 години носиме храбри и одлучни одлуки, имаме јасна визија за се што преземаме како мерка. СДСМ реализира и нуди се развојни проекти, затоа што ние вистински се грижиме за секоја општина подеднакво и тоа го покажавме во изминатите четири години. е работеше вредно и напорно, со силна поддршка од централната власт. Таа силна динамика мора да продолжи. Никој не смее да ги кочи проектите на општините. Со развојни општини имаме развојна економија”, рече Николовски.
Како клучни проекти за развој на општина Росоман, кандидатот за градоначалник Николов ги посочи, изградба и реконструкција на патната и сообраќајната инфраструктура, изградба на атмосферска канализација и реконструкција на фекалната канализација, изградба на индустриски зони на патниот правец Росоман-Градско, решавање на проблемот со водоснабдувањето, чистење на дивите депонии и осовремнување на депонијата во Росоман, и друго
Николовски посочи дека СДСМ нуди развој, а ВМРО ДПМНЕ блокади,кочници и лажни вести, се на штета на граѓаните.
„За СДСМ граѓанинот е на прво место. Одговорно и домаќински ги избираме луѓето кои заедно со нас работат и ќе работат во следните четири години. Граѓаните сакаат луѓе што се достапни и луѓе коишто се од акција, такви се нашите кандидати за градоначалници.И за овие две работи кога збориме јас гарантирам за успесите, за проектите коишто ги реализираме.СДСМ ја донесе слободата , а ВМРО ДПМНЕ сееше страв,притисоци, уцени и закани,СДСМ донесе демократија, а ВМРО ДПМНЕ сака да не врати во режимот”, рече Николовски.
Во изминатите години направивме многу, но верувам дека уште подобро и попосветено можеме во следните години, затоа за заеднички напредок, за уште повидлив развој на Росоман, за Најдоброто, на 17-ти октомври заокружете 12, да го избереме најдоброто за Росоман, Стојан Николов, порача Николовски.