Кандидат за градоначалник на општина Новаци, Васко Наумовски (50) бил приведен порди напад врз полицајци, а тој тврди дека возачот на актуелниот градончалник и полицаец не му дозволувале да сними спот.
– В.Н. на 06.10.2021 во 10.46 часот во СВР Битол пријавил дека околу 10.30 часот од возачот на актуелниот градоначалник и В.Б.(46), полициски службеник во СВР Битола бил спречен да замине во село Новаци и да снима спот на стадионот во селото. Според пријавеното, додека се движел со патничко возило, двете лица со патничко возило му свиреле и се обиделе да го престигнат, но тој не застанал. Во врска со настанот во 11.30 часот во СВР Битола, В.Б. пријавил дека околу 10.00 часот, додека преземале службени дејствија, В.Н., кој бил со патничко возило, не застанал и продолжил со движење. Како што е пријавено, на ул.„Филип Втори Македонски” со возилото се обидел да удри полициски службеник, велат од МВР.
Според полицијата Наумовски околу 12.40 часот бил приведен во полициска станица во врска со сторено дело по член 383 од Кривичниот законик и по целосно документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.
-Во врска со истиот настан, во 15.05 часот во СВР Битола, Т.К., претседател на ФК „Новаци” пријавил дека кандидатот за градоначалник В.Н. неовластено влегол во стадионот на ФК „Новаци” да снима спот. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, велат од МВР.