Синовите на поп ѕвездата Бритни Спирс, Шон Престон (16) и Џејден Џејмс (15), ретко се појавуваат на социјалните мрежи.
Шон и Џејден во вторникот, првпат по неколку месеци, можеа да се видат на Инстаграм-прифилот на пријател на нивниот татко.
Тинејџерите позираат во друштво на Еди Моралес, пријател на нивниот татко Кевин Федерлајн.
Фотографиите ги сподели Еди, кој се чини дека се дружи со нив во текот на забава заедно со поранешниот сопруг на Бритни.
Еди Моралес, кој е извршен директор на Movision Entertainment, стои помеѓу момчињата кои имаа широки насмевки на нивните лица. Тој го пофали родителството на Кевин велејќи „светот ќе види дека тој е одличен татко“.
Во јули 2004 година, Бритни ја објави свршувачката со танчерот рапер Кевин Федерлајн. Тие беа кратко во брак.
Бритни го изгуби старателството врз своите деца во октомври 2007 година.
Синовите на проблематичната пејачка ја сакаат својата приватност, но таа сега откри дека има со што да се гордее.