На белградски аеродром е фатен српскиот амбасадор во Каиро, Југослав Вукадиновиќ, кој се обидел да пренесе огромна сума на пари, распоредени во 12 куфери, пренесува „Блиц“.
Според информациите на весникот српскиот амбасадор се обидел да пренесе 84.000 евра во кеш. Но, проблемот се јавува бидејќи не ги пријавил пред надлежните институции.
Српскиот амбасадор го отпуштиле од функцијата во Египет, само пред неколку денови. Согласно информациите на весникот, во своите паричници, заедно со својата сопруга, имале уште 4.500 евра во кеш.
Прописите во Србија велат дека може да се пренесат неограничена сума на пари, но онаа над 10.000 евра мора да биде соодветно пријавена.
Парите му биле запленети, а тој е ослободен. Од српското МНР не го коментираат случајот, само потврдуваат дека тој е сменет поради „непрофесионално постапување“.