Европската ракометна централа (ЕХФ) ги одреди саатниците за првите шест натпреварите од групната фаза во Лига Европа, во кои македонскиот претставник Еурофарм Пелистер трипати ќе игра на домашен и трипати ќе гостува до крајот на годината.
Битолскиот клуб ќе одигра три натпревари во терминот од 18:45 и три натпревари во терминот од 20:45 часот.
Распоред на натпреварите на Еурофарм Пелистер во рамки на групата Д до крајот на 2021 година:
19.10.2021 – 20:45 часот, Еурофарм Пелистер – Ним
26.10.2021 – 18:45 часот, Кадетен Шафхаузен – Еурофарм Пелистер
16.11.2021 – 18:45 часот, АЕК Атина – Еурофарм Пелистер
23.11.2021 – 18:45 часот, Еурофарм Пелистер – Татабања
30.11.2021, 20:45 часот, Спортинг Лисабон – Еурофарм Пелистер
07.12.2021 – 20:45 часот, Еурофарм Пелистер – Спортинг Лисабон
Првопласираните четири екипи од секоја група ќе ги продолжат натпреварите во елиминационата фаза на ЕХФ Лига Европа.