На 06.10.2021 во 23.45 часот во Полициската станица Берово било пријавено дека на регионалниот пат Виница-Берово, на место викано „Кошето”, атар на с.Будинарци, М.В.(24) од с.Будинарци, управувајќи мотоцикл без регистарски ознаки, паднал на коловозот. Во несреќата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицинскиот центар Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Берово.