Бектеши ќе потпише Меморандум за соработка со Националната платформа на жени претприемачи

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска ќе потпише Меморандум за соработка со Националната мрежа на жени претприемачи.

Целта на Меморандумот за соработка, како што информираат од Министерството за економија, е активно вклучување на сите засегнати страни во спроведувањето на Стратегијата за развој на женското претприемништво во Република Северна Македонија и подигнување на степенот на соработка во иднина, што ќе придонесе за економско јакнење на жените преку создавање на поволна бизнис клима и обезбедување системска поддршка и инфраструктура за развој, поддршка и промоција на женското претприемништво со што ќе се придонесе кон развојот на постоечките и отворање на нови претпријатија, креирање на нови работни места, а со тоа и јакнење на целокупната економија.

По потпишувањето на Меморандумот ќе следуваат изјави за медиумите во Министерството за економија

Треба да знаете
Последни објави