Вакцинираните луѓе треба да продолжат да носат заштитни маски во јавност, бидејќи тие се уште можат да носат, а можеби и да шират, исто толку вируси колку и невакцинираните луѓе, без да бидат свесни за тоа, покажува новото американско истражување.
Истражувачите ја анализирале количината на коронавирусот или таканареченото вирусно оптоварување, кај 869 пациенти за време на дијагнозата, вклучувајќи и 632 лица кои биле асимптоматски а повеќето инфекции биле предизвикани од многу заразниот делта-сој на коронавирусот.
Тие не најдоа статистички значајни разлики во просечното вирусно оптоварување помеѓу вакцинираните и невакцинираните лица, или помеѓу оние со или без симптоми, или помеѓу различни возрасни групи, полови или типови на вакцини, покажал извештајот.
„Не е во ред да се претпостави дека, бидејќи сте вакцинирани, не можете да се инфицирате и не можете да заразите некој друг, дури и ако сте асимптоматска личност“, велат експертите.
Вакцините против коронавирус ги намалуваат шансите за инфекција и ја намалуваат сериозноста на болеста. Сепак, вакцинираните луѓе се уште треба да носат маски во јавност, бидејќи би можеле да заразат други ако се заразат самите себе, советуваат научниците.