(Видео) Инспектори на српската криминалистичка полиција го надгледуваат погребот на семејството Ѓокиќ

Инспектори на српската криминалистичка полиција во цивилна облека го надгледуваат денеска погребот на семејството Ѓокиќ кое на 26 септември беше убиено во атарот на селото Моравац. Полицијата се сомнева дека мајката, ќерката и таткото биле убиени од некој кој потекнува од овој крај, бидејќи како што пишуваат српските медиуми, убиецот многу добро го познавал теренот.
Жртвите биле убиени со огнено оружје а потоа, нивните тела биле запалени. Десетина километри подалеку бил запален и нивниот автомобил.
На погребот кој денеска се одржува во близина на српскиот град Алексинац, во селото Моравац присуствуваат голем број на луѓе, а полицијата се грижи за редот и се надева дека можеби ќе дојде до некој траг кој ќе ги одведе до трагите на убиецот.

 

Треба да знаете
Последни објави