ВМРО ДПМНЕ и Коце Трајановски не изградија ништо важно за Скопје, освен стиропор и исушени палми

Поранешниот градоначалник Коце Трајановски имаше цели осум години да изгради нешто значајно за Скопје. Најголем капитален проект на ВМРО-ДПМНЕ беше уништувачкиот проект „Скопје 2014“, од кого залудно сега бегаат и Коце Трајановски и Данела Арсовска, се вели во реакцијата на градската организација на СДСМ како одговор на денешното соопштение од опозицикста партија ВМРО ДПМНЕ.

-Скопјани не видоа ништо од ветените капитални проекти на Коце Трајановски за подземна сообраќајница Влада-Комплекс Банки, подземни пешачки премини, изградба на Ски-патеки на Водно, итн.

Наместо капитални проекти во Скопје, Коце Трајановски и ВМРО-ДПМНЕ градеа стиропорни фасади и сечеа дрвореди за проширување на постојните улици.

Во времето на Коце Трајановски се градеа булевари со автоперални на коловоз, а денес се гради со план, без мега-ветувања за непромислени решенија, туку со систематски пристап со кој се решаваат децениски проблеми во Скопје.

Бесмислени се лажните обвинувања дека некој присвојувал проекти на Коце Трајановски, кога тој имаше цели осум години да ги реализира, а не го направи тоа. Исто како што беа бесмислени градските плажи на Коце кои испустеа, и греаните палми кои се исушија.

Треба да знаете
Последни објави