Душан Пецовски е избран за нов претседател на Управниот одбор на Реплек АД Скопје, а нови членови на УО се Иван Туџаров, Александар Томовски, Цане Талевски и Коста Котевски.
Одлуката за избор на претседател и членови на УО ја донесе Надзорниот одбор на Реплек АД Скопје на вчерашната седница, врз основа на член 374 став 3 од Законот за трговски друштва и членовите 29 и 45 од Статутот на друштвото.
Според Статутот на Реплек АД Скопје, членовите на УО се избираат за период од шест години.
Одлуките за промените во раководството на компанијата се објавени на веб страницата на Системот за електронски информации за котирани акционерски друштва.