За Ѓукановиќ аферата „Пандора документи“ е монтиран случај

Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, тврди дека не направил ништо незаконски со тоа што основал компанија во странство во 2012 година, и го повика обвинителството да го испита целиот случај од „пандорините документи“ во кои тој се споменува.

-Ниту јас, ниту мојот син никогаш не сме направиле и сигурно нема да направиме никаква штета на државата Црна Гора, за разлика од оние кои се обидуваат да започнат афера и кои без расправија се обидуваат да ме заковаат на столбот на срамот – појасни Ѓукановиќ кој беше запрашан од новинарите за време на Самитот во Брдо кај Крањ во врска со оваа афера.

Според него, регистрираната компанија за која станува збор не отворила ниту банкарска сметка и била затворена многу брзо по нејзиното формирање.

-Не би имал ништо ново да кажам на оваа тема, во однос на она што го кажав на тимот истражувачки новинари, кои се занимаваа со оваа тема, и соопштението од мојот кабинет по оваа, уште една во низата монтирани афери, додаде Ѓукановиќ.

Аферата „Пандора документи“, ја објави Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари (ИЦИЈ) и открива како влијателни светски личности, сегашни и поранешни премиери, претсетадели на држави, славни спортски личности и личности од шоу-бизнисот криеле милионски средства на сметски низ земјите кои се даночни раеви.

Треба да знаете
Последни објави