Глисерите на елитната иранска единица Чувари на исламската револуција (ИРГЦ) пресретнале американски брод во Заливот, објави денеска државната телевизија на Иран,
Портпаролот на американската морнарица, Тимоти Ховкинс изјави дека не е запознат со таков случај на море во претходните два дена.
Иранската телевизија објави снимка за која наведува дека е направена од еден од чамците на Чуварите на исламската револуција, и каде се гледа како се приближува до брод со американско знаме и неколку членови на екипажот.
Во извештајот на иранската телевизија не се наведува кога се случило тоа.
Ситуацијата во регионот на Заливот останува исклучително тензична поради развојот на иранската нуклеарна програма.
Виенските преговори за заживување на меѓународниот нуклеарен договор меѓу големите сили и Иран од 2015 година се во прекин од јуни.