Крводарителска акција ќе се организира утре, петок, 8 октомври, во просториите на Општина Аеродром. Акцијата ќе се спроведе во периодот од 09:00 до 13:30 часот, а крв можат да даруваат сите заинтересирани граѓани. Притоа, ќе се почитуваат сите мерки за заштита од КОВИД-19.
Крводарителската акција е во организација на Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Кисела Вода и Институтот за трансфузиона медицина.