Италија го загуби полуфиналниот натпреавр од Лигата на нации во Милано од Шпанија (1:2). Актуелниот европски првак Италија тагува. Прекината е низата долга 37 натпреаври без пораз. Разочарувањетпо е евидентно, а најмногу кај голманот Џанлуиџи Донарума кој е на тапет кај навивачите по преселбата од Милан во ПСЖ. За време на целиот меч Донарума беше исвиркуван од трибините кога ќе се најдеше топката кај него.
Навивчите му се гневни поради тоа што одби да го продолжи договорот со Милан.Селекторот на Италија, Роберто Манчини после натпреварот порача дека не е добро кога Донарума добива свирежи додека игра за Италија.
-Со свирежите, ниту тој, а ниту ние во репрезентацијата не сме среќни. Разочарувачко е затоа што тој играше за Италија, не беше ова клупски натпревар. Треба да се делат работите, свирежите нека ги чуваат кога ќе играат Милан и ПСЖ. Репрезентацијата треба да биде над се – порача Манчини.