Северна Македонија ги направи сите реформи потребни за почеток на преговорите со Европската Унија, но сепак сè уште нема одлука за нивен почеток, рече министерот за правда Бојан Маричиќ во своето обраќање на „Тирана Конективити Форум 2021″.
Според министерот за правда, сите закони кои требаше да бидат, а се однесуваат на провасудството се донесени.
– И во услови на блокада Северна Македонија продолжува со реформи на сите полиња. За да се задржи фокусот на европската агенда, Владата направи план наречен „Европа дома” и се однесува на спроведување на реформи во повеќе области. Фокусот е на правосудството, каде што во моментов се спроведуваат повеќе реформи. Стравувањата се дека со отсуството на чиста европска перспектива во Западен Балкан се остава простор други сили да се обидат да го постават посилно своето влијание на регионот, потенцираше Маричиќ.
Според министерот за правда, потребно ЕУ да даде јасен сигнал дека фокусот и понатаму е ставен на земјите од Западен Балкан и уште оваа година да се почнат преговорите со Северна Македонија и Албанија.