Распродадени влезниците за натпреварот Македонија-Германија

За само четири дена се распродадени околу 17.000 влезници за мундијалскиот квалификациски фудбалски натпревар Македонија – Германија кој ќе се одигра на 11 октомври во Скопје. Сите билети кои беа пуштени во оналјн продажба во понеделникот по цени од 100, 300 и 500 денари брзо се распродадени информираат од Фудбалската федерација на Македонија. Поради ковид протоколите трибините можат да бидат исполнети 50 одсто од капацитетот на стадионите.

На натпреварот ќе биде дозволен влез со влезницата и приложен сертификат за вакцинација, освен за лицата под 18 години.

Maкедонската фудбалска репрезентација утре игра против Лихтенштајн на гости, а потоа дома ја пречекува Германија.

Треба да знаете
Последни објави