На 06.10.2021 во 22.40 часот во СВР Скопје, дежурниот старешина во касарна Илинден пријавил дека стражар – војник, кој бил на стражарско место од страна на ул.„Македонско- косовска бригада”, испукал еден предупредувачки куршум откако кон неговото стажарско место се движеле две машки лица, кои не застанале и продолжиле со движење и по неговото предупредување, по што слушнал неколку истрели од страна на лицата.
Полициски службеници излегле на местото и била пронајдена една чаура. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.