Денеска, во присуство на највисокиот државен врв, беше прославена петгодишнината од основањето на Универзитетот „Мајка Тереза”.
Премиерот Зоран Заев изрази поддршка за инвестицијата на новиот кампус што ќе биде во општина Чаир, додека првиот вицепремиер г. Артан Груби, го поздрави и му честиташе на градоначалникот на Чаир, г. Висар Ганиу, за иницијативата преземена за финализирање на кампусот на УМТ во Чаир.
Градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, имаше можност да разговара за плановите за изградба на новиот објект на УМТ. Пред извесно време, односно на 59 -тата седница Советот на општината Чаир го одобри Деталниот урбанистички план за блок 9 од градскиот кварт ССИ 03, со кој се предвидува изградба на Универзитетот „Мајка Тереза” во Општина Чаир. Новиот објект на универзитетот ќе им овозможи на студентите подобри објективни услови за студирање и исто така ќе го трансформира Универзитетот Мајка Тереза како универзитет со најатрактивниот кампус во земјата и регионот.
Исто така, треба да се напомене дека во Општина Чаир гравитираат четири универзитетски кампуси: Универзитетот Кирил и Методиј – УКИМ, Балканскиот универзитет – IBU, Универзитетот на Југоисточна Европа – УЈИЕ и Универзитетот Мајка Тереза – УМТ.