Го решаваме слабиот притисок на вода во ниските зони на општината од Јурија до Хром.
Како капитален проект од програмата ,,Најдоброто за мојата општина” предвидовме изградба на нов резервоар за вода во месноста Оризарски рид, порача Александар Наумовски, актуелниот градоначалник на Ѓорче Петров и кандидат за нов четиригодишен мандат на претстојните локални избори од редовите на СДСМ.
-Проектот е веќе изготвен од страна на Град Скопје преку јавното претпријатие „Водовод и канализација” и е со вредност од околу три милиони евра.
Анализите покажаа дека урбанизацијата и катноста на објектите не се пречка за дотокот на вода. Туку, наведените места се наоѓаат во ниска зона под нивото на течението на реката Вардар. Токму затоа потребен е нов резервоар. Реализацијата на овој проект се очекува да започне во 2022 година, а да заврши на почетокот на 2024 година.
Дополнително, Општината изготви проект за субвенционирање на пумпи за зголемување на притисокот на водата во објектите.
,Најдоброто за мојата општина” е програма која заедно ја креиравме со вас граѓаните.