Њукасл преку ноќ стана најбогат клуб

Англискиот фудбалски премиерлигаш Њукасл преку ноќ стана најбогатиот клуб во светот со  доаѓањето на новите сопственици од Саудиска Арабија и Јавниот инвестициски фонд со вкупен капитал од 320 милијарди фунти. Сега клубот е  во цеосна 100-процента сопственост на новите газди. На чело со Инвестицискиот фонд од Саудиска Арабија е саудискиот принц Мохамед бин Салман.

„БТ Спорт“ објави дека Бин Салман има богатство од 320 милиони фунти, па зад себе го остава шеикот Мансур од Манчестер сити, чие богатство се проценува на „само“ 23,2 милијади фунти.

Нова извршна директорка на Њукасл ќе биде Аманда Стејвли, британска бизнисменка која е најзаслужната за реализацијата на оваа зделка. Таа најавува дека наскоро во витирните на Њукасл ќе дојдат и титулите.

-Њукасл заслужува да биде на врвот во Премиер лигата. Сакаме да стигнеме таму. Ќе биде потребно време, но ќе стигнеме до таму. Горди сме што сме дел од Премиер лигата, која е најсилна во светот, па затоа Њукасл сакаме да го направиме најдобриот тим во светот. Јасно е дека сакаме да освојуваме трофеи, но потребно е трпение, инвестиции и време. Полека ќе го градиме клубот да дојде на врвно ниво, порача директорката Аманда.

Колку за споредба, капиталот на Јавниот инвестициски фонд на Саудиска Арабија е 15 пати поголем од капиталот што го има Шеикот Мансур од Манчестер сити, кој е втор најбогат газда на еден фудбалски клуб.

Треба да знаете
Последни објави