Селекцијата на Бразил и во некомплетен состав победува во квалификациите за СП 2022 година. Со резултаски пресврт направен во финишот од натпреаврот ја совладаа како гости Венецуела (3:1). Петкратниот светски првак Бразил има обезбедено учеството на Мундијалот во Катар, па селекторот Тите им даде шанса за настап на фудбалери кои добиваа помалку минутажа. Гостувањето кај Венецуела го прескокнаа Нејмар и Каземиро.
Венецуела поведе уште во десеттата минута откако Ерик Рамирез го искористи киксот на одбраната на Бразил и го совлада Алисон.
Бразилците потоа доминираа на теренот, но не можеа да го совладаа Жоел Гратерол, се до влегувањето во игра на Рафиња. Токму по корнерот на Рафиња, Маркињос во 71. минута успеа да го израмни резултатот. Потоа беше полесно за „кариоките“ кои до победата дојдоа во самиот финиш. Прво во 85. минута Габриел Барбоса од пенал му обезбеди водство на Бразил, а конечниот резултат го постави Антони во 95 минута.
Аргентина во Парагвај одигра без без голови против домашната селекција и го задржа второто место на табелата со 19 бодови. Аргентинците настапија со Лео Меси, ја имаа иницијативата , но не успеаја да постигнат гол.
Чиле со поразот од 2:0 против Перу ги намали шансите да обезбеди пласман на СП во Катар. Чилеанците сега се осми на табелата со седум бодови и имаат дури седум бода помалку од Колумбија која одигра 0:0 на гостувањето кај Уругвај и е на последната позиција која води дирекно на мундијалот од оваа зона.
Резултати:
Парагвај – Аргентина 0:0
Уругвај – Колумбија 0:0
Венецуела – Бразил 1:3
Еквадор – Боливија 3:0
Перу – Чиле 2:0
Табела: Бразил 27 бодови, Аргентина 19, Еквадор, Уругвај 16, Колумбија 14, Парагвај 12, Перу 11, Чиле 7, Боливија 6, Венецуела 4.