Научнофантастичната акција „Притаено зло: Добредојдовте во градот Ракун“ со оригинален наслов Resident Evil: Welcome to Raccoon City конечно добива трејлер.
Откако ги зголеми апетитите на фановите по објавувањето неколку фотографии минатиот месец, овој римејк на класиката хорор-видеоигра за опстанок ги носи познатите ликови од изворната игра на големото платно.
Секако, ќе бидат присутни и иконските чудовишта и ужасите на франшизата видео игри.
Филмот е базиран на серијалот хорор-видеоигри и е нова верзија на филмската франшиза со Мила Јовович во главната улога на бестрашна хероина.
Врз основа на трејлерот, изгледа дека ова навистина ќе биде многу поверна адаптација на франшизата во споредба со филмската серија Resident Evil во продукција на Constantin Film.
Филмот ќе излезе исклучиво во кината на 24 ноември.