(Видео) Се урна зграда во Грузија, се стравува дека има починати, под урнатините има деца

Во грузискиот град Батуми денеска се урна дел од станбена зграда, а има и жртви, пренесуваат агенциите.

Под урнатините на петкатната зграда, има заробени лица меѓу кои и деца.

Екипи на брза помош, пожарникари и полиција поставија кордон околу урнатата зграда на местото на несреќата.

Видеата објавени на социјалните мрежи покажуваат спасувачки тимови со тешка механизација како ги расчистуваат урнатините.

Засега не е позната причината за несреќата.

Треба да знаете
Последни објави