Димитриевски: Се слушнав со Михајловски, му посакав да закрепне побрзо за да се врати назад во трката

Независниот кандидат за градоначаник Максим Димитриевски во гостување во дебатната емисија „Што не е јасно“ на Алфа телевизија истакна дека се слушнал со против кандидатот за градоначалник на општина Куманово Тони Михајловски и му посакал добро здравје.

-Се слушнав со Тони Михајловски, му посакав добро здравје, нема симптоми, да закрепне побрзо за да се врати во трката назад, бидејќи треба да дебатираме пред граѓаните. А, воедно и да кажам дека јас сум тврд социјалдемократ и еве ме во студиото. Социјалдемократите не бегаат од дебата, туку транспарентно се соочуваме со реалноста, рече Димитриевски.

Димитриевски потенцираше дека доколку ја добие поддршката од граѓаните, ќе остави простор за сите идеи кои се дадени во програмите на неговите против кандидати да бидат имплементирани во конечната развојна програма на општина Куманово.

-Во оваа кампања максимално сум задоволен од поголем број на кандидатите како се води кампањата и секако кога ќе ја добијам поддршката од граѓаните ќе оставам простор за сите оние идеи коишто се дадени во програмите на моите против кандидати да бидат имплементирани во конечната развојна програма на општина Куманово, во период 2021 – 2025 година. Дополнително, ќе дадам и можности на младите кандидати да бидат составен дел на тимот којшто ќе ја реализира програмата, рече Димитриевски.

Во емисијата, Димитриевски истакна на локалните избори не постојат повеќе мали и големи политички партии, туку постојат големи и мали идеи за граѓаните и за општините.

Треба да знаете
Последни објави