Во потрагата по убијците на сопственикот на менувачницата од Алексинац, Горан Ѓокиќ (57), неговата сопруга Гордана (56) и ќерката Лидија (25), полицијата ги презела сите снимки од камери од приватни куќи и згради во селото Моравац, но и од блиското село Шитковац и селото Течица.
Наводно им паднал во очи црвен автомобил што бил виден во Моравац во неделата, 26 септември, денот на исчезнувањето на семејството!
– Прегледан е видео материјал, не само од 26 септември, туку и од претходните, но и наредните денови. Кобната ноќ камерите го снимија автомобилот „пасат“ со кој Горан, Гордана и Лидија околу полноќ се упатија кон својот стан во Алексинац, но тие никогаш не пристигнаа таму. Најверојатно биле пресретнати од некој во Моравац и принудени да возат до нивите, каде што биле пронајдени мртви и изгорени. Она што може да биде важно за истрагата е црвениот автомобил што беше виден во Моравац во неделата. Тој автомобил не припаѓа на ниту еден од локалните жители, така што постои можност напаѓачите да го користеле ова возило, вели извор запознат со истрагата
Секоја трага од Ѓокиќе беше изгубена ноќта помеѓу 26 и 27 септември.
Тие неделата ја поминаа кај мајката на Горан во Моравац, подготвувајќи зимница, па заминаа за Алексинац во понеделниокот нешто по полноќ. Нивното исчезнување во вторникот го пријави братучетката на Горан, Верица Ѓокиќ.
За жал, потрагата заврши во саботата, кога прво беше пронајден изгорен „пасат“ во селото Тешице, а потоа, 12 километри подалеку, јагленисаните тела на семејството, скриени во дупка и покриени со лисја, гранки и ѓубре.
Се претпоставува дека мотивот за убиството биле пари, наводно 100.000 евра, кои како што се шпекулира, Горан ги чувал во резервната гума на, „пасатот“, а која не била пронајдена кај запаленото возило. Сите тројца биле убиени со два пиштоли, од кои едниот најверојатно на Горан, кој бил застрелан еднаш во главата, а Лидија и Горданаа имале протрелни рани во градите и главата.