Претседателот на Барселона Жоан Лапорта, во интервју за Радио Каталонија повторно потврди дека состојбата во клубот е тешка, а зборуваше и за Лионел Меси кој изминатото лето по 20 години си замина од „Камп Ноу“ и потпиша за ПСЖ.
– Не му се лутам на Меси, знам дека имаше голема желба да остане. Но, исто така беше и под голем притисок поради понудата од ПСЖ. Сите знаевме дека Меси има моќна понуда, но јас до последен момент се надевав дека ќе остане во Барселона да игра бесплатно. Мислам дека и Ла Лига немаше да ни прави проблеми, но не можевме тоа да го бараме од играч каков што е Меси. Така мислев и се надевав, бидејќи го познавам Лео. Меси стана член на првиот тим на Барселона кога јас бев претседател, многу му помогнав на неговото семејство. Знаеше дека се ќе му вратам кога нашата финансиска состојба ќе се стабилизираше, вели Лапорта
Лапорта потоа зборуваше и за актуелната финансиска ситуација во која се наоѓа Барселона. Откри дека долгот на Барселона сега изнесува 1.5 милијарди евра.
Тој исто така напомена дека Роналд Куман ќе остане на клупата иако екипата игра многу лошо од стартот на сезоната.