По трите нерешени кавалификациски натпревари во септемврискиот мундијалски циклус, најдобрата македонска фудбалска репрезентација вечерва (20.45 ч.) против аутсајдерот во групата Ј од евро-зоната, Лихтенштајн во Вадуц ќе им враќа на победите за да остане во трката за второто место кое води во разигрувањето за пласман на завршницата во Катар. Предводени од новиот селектор Благоја Милевски, „црвено-жолтите“ во септемви ремизираа со Ерменија, Исланд и Романија. Можност да ја зашпише првата победа откако седна во селекторската фотелја Милевски е Лихтенштајн, кого во првиот натпреавр од овој циклус во Скопје македонските репрезентативци го совладаа убедливо со 5:0.
Дилеми нема дека и на реваншот во Вадуц, македонскиот тим е апсолутен фаворити против селекцијата која во досегашните меѓусебни десет пресметки само еднаш успеал да го избегне поразот и тоа во 2002 изборувајќи се за реми. Македонија против тимот на вечерашниот ривал Лихтенштајн во својата скоро тридецениска самостојна историја ја има забележано највисоката победа од 11:1 како гостин во Вадуц во мундијалски квалификациски меч одигран во 1996 година. Сите аргументи за нов тирумф се на страната на македонската репрезентација, но тоа ќе мора да го докаже на теренот. Место за опуштање нема, бидејќи аматерскиот состав на Лихтенштајн во овие квалификации приреди едно изненадување во изминатите шест кола, кога одиграа нерешено со Ерменија (1-1). Доволно за де се пријде во новата пресметка максимално мотивирано и уште еднаш да се наполни мрежата на противникот за да се врати самодовербата пред дуелот со Германија на 11 октомври во Скопје.
На овој натпревар Милевски на располагање ќе го нема Енис Барди поради повреда, а за првпат за составот на тимот ќе конкурира Ердал Ракип од шведскиот Малме.
Табела во групата Ј по шест одиграни кола: Германија 15 бодови, Ерменија 11, Романија 10, Македонија 9, Исланд 4, Лихтенштајн 1.