Пандев: Нерешените резултати се разочарувачки, но имаме шанси за второто место во групата

Поранешниот капитен на фудбалската репрезентација на Македонија и рекордер според бројот на одиграни натпревари и постигнати голови во „црвено-жолтиот“ дрес, Горан Пандев, кој од неодамна по премиерниот настап на ЕП-2021 се збогува со државниот тим на 38 годишна возраст, пред вечерашното продолжение на мундијалските квалификации во евро-зоната со Лихтенштајн во Вадуц се произнесе дека е разочаран од трите последни нерешени резултати во групата Ј. Пандев за ваквите резултати го посочи и неискуството на новиот селектор Благоја Милевски

-Мислам дека може да се бориме за 2. место во квалификациската група. Резултатите кои се остварени овој период, се разочарувачки, шансите на репрезентацијата се помали од претходно за пласман на СП. Дефинитивно требаше да освоиме повеќе бодови, но има простор да се поправиме. На мечот против Лихтенштајн очекува победа, но и добар резултат против Германија. Мислам дека сè уште работите зависат од нас и со четири бода од двата окотомвриски меча ќе имаме големи шанси за второто место, истакна Пандев како заштитно лице на Видеолотарија Казинос Австрија.

Пандев иако не е дел од репрезентацијата будно ги следи доскорешните колеги и се надева дека ќе успеат повторно да го изненадат четикратниот светски шампион Германија како што тоа го направија во март годинава кога во Дуизбург славеа со 1:2.

-Сигурно дека имаме сили да направиме уште еден голем резултат против Германија. Треба само да одиграме тактички многу мудро, како на првиот натпревар, во Дуизбург, да изгинат сите на терен до последниот атом и кога ќе ни се пружи и најмала шанса треба да ја искористиме. Само така можеме до позитивен резултат – додава Пандев.

Треба да знаете
Последни објави