Ве известуваме дека денеска 8.10.2021 година (петок) со почеток во 12:00 часот, директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска, ќе одржи прес-конференција за највисокиот доход во 2020 година – Анализа на Годишна даночна пријава (ГДП 2020).
Прашањата за оваа прес-конференција може да ги испратите во Одделението за односи со јавност на Управата за јавни приходи на адреса Daniela.Boshkovska@ujp.gov.mk најдоцна 30 минути пред почетокот на истата, со нагласување на медиумот од кој доаѓа прашањето и назнака дека прашањето се однесува за оваа прес-конференција.