Хоакин Феникс навестува продолжение на „Џокер“

46-годишната sвезда освои „Оскар“ за најдобар актер за улогата како Артур Флек – Џокер во филмот од 2019 година, приказна за потеклото на иконскиот негативец „Бетмен“ и навести дека треба уште да се истражува за овој лик.

Во разговор со „Плејлист“ Хоакин рече: „Ова е интересен човек. Има некои работи што би можеле да ги направиме со него и би можеле да истражуваме понатаму. Но, дали навистина ќе го сториме тоа? Не знам”.

Претходно оваа година беше објавено дека режисерот и продуцент Тод Филипс работи на сценарио за продолжение, а и тој претходно сугерираше дека се разговарало за втор дел за време на снимањето на првиот филм.

Треба да знаете
Последни објави