Ќулафкова: Македонија да ги прекине преговорите со Бугарија

Преговорите со Бугарија треба веднаш да се прекинат бидејќи нејзините барања кон Македонија се спротивни на меѓународните конвенции и земјава нема гаранции дека ќе започне преговори со ЕУ, изјави академик Катица Ќулафкова по денешното одбележување на 30 годишнината од основањето на Македонската академија на науките и уметностите.

Академик Катица Ќулавкова е на ставот дека мора да се поставиме со поцврст став кон источниот сосед. Според неа јасно е што Бугарија бара, односно да признаеме дека македонскиот јазик и историја се бугарски, нешто што не можеме да го прифатиме. Порачува дека е против внесувањето на Бугарите во македонскиот устав, а доколку бидат внесени, би требало да се бара реципроцитет.

-Плус во Бугарија знаеме дека има над 2 и пол милиони македонска имиграција, која се иселувала од Македонија во 17-ти, 18-ти, 19-ти век, па и во 20-ти век. Значи де факто имаме по квантитет огромна македонско население во Бугарија и Бугарија одбива да го признае, оти не сака да го менува Уставот. Доколку би имало некаков реципроцитет, тоа би требало да биде предмет на договор, изјави Ќулавкова.

Ќулафкова додаде дека македонските политичари ги поддржуваат тезите што не се во интерес на Македонија, туку на нејзините соседи и на други држави.

На 30-годишнината од основањето, претседателот на МАНУ, Љупчо Коцарев, изјави дека е неопходно да се разбуди колективната свест  и да се заштити нацијата.

Претседателот на МАНУ, незадоволен од случувањата, дури предложи на Министерството за образование да му се одземат надлежностите за подготовка на стратегии за развој на образованието и науката и тоа да го преземат МАНУ, универзитетите и стопанските комори.

 

Треба да знаете
Последни објави