Голем дел од станбена зграда се урна денеска во грузискиот град Батуми, објавија грузиската ТВ -станица Прв канал и руската РТ.
Засега не е познат бројот на жртвите или зошто дошло до несреќата. Руската новинска агенција РИА објавила дека се спасени најмалку три лица, меѓу кои и едно дете.
Видеата од местото на настанот покажуваат уништен дел од зградата со најмалку пет ката и голем број спасувачи кои ги пребаруваат остатоците.