Скопјанка го има најголемиот бруто доход за 2020 година. Таа во изминатата година остварила доход од нешто над 453.1 милион денари во текот на целата година. Ова го соопшти денеска директорката на УЈП, Сања Лукаревска.
Тој е двојно поголем од највисокиот бруто доход во 2019 година.
Највисоката бруто плата е на граѓанин од Струга. Платата е остварена во индустријата со метали, и изнесува 105,2 милиони денари.
Ланската година тетовчанец од игри на среќа стекнал 650 илајди евра, а според податоците на УЈП најдобро се заработувало и со одгледување добиток, фармација, адвокатура, угостителство.
Највозрасниот милионер е 96 годишен пензионер, а најмладиот има само 7 години, издава простории и прибира закупнина, а високо на листата на милионери се и оние кои пријавиле дивиденда.
Зад листата со околу 4.400 успешни и богати милионери статистиката на УЈП открива дека безмалку 80.000 илјади граѓани месецот го поминувале со 4.000 денари во просек, нивните посиромашни соседи или 34 илјади Македонци заработувале само 800 денари во еден месец.
Лукаревска соопшти дека доход над 1 милион денари во 2020 година имале 40.021 граѓанин.