„Општина Бутел има најбрз економски развој. Во последните четири години имаме повеќе од 60 добростоечки нови фирми и зголемен број на вработувања. Тука не зборуваме сам оза физички работници, туку и ИТ компании, како и трговски фирми“ рече актуелниот и кандидат за градоначалник на општина Бутел од СДСМ и коалицијата, Велимир Смилевски на дебатата на МТВ.
„Како доаѓа времето, во општина Бутел ќе немаме работници. Најавувам дека во следниот период во Бутел доаѓаат странски инвестиции кои се значајни не само за Бутел, туку за целата земја“ кажа Смилевски.
Градоначалникот најави дека Бутел ќе биде местото каде што нова странска инвестиција, по изборите, ќе ја изгради својата дирекција и главните магацини.
„Тоа е фирма гигант, која по изборите ќе објави и објасни што и каде ќе гради во општината Бутел“ кажа Смилевски.
Тој додаде дека во неговата програма приоритет ќе биде ставен на инфраструктурните проекти, однсоно на завршување со улиците во општината, кои со години беа заборавени, како и изградба на атмосферска канализација.