ВМРО-ДПМНЕ 700 милиони евра вложија во споменици и наместо услови за живот, наместо да градат училишта и болници тие градеа споменици, затоа да не дозволиме режимот да земе воздух и да ожиува, рече Оливер Спасовски, министерот за внатрешни работи во Арачиново.
-Да продолжиме заедно и сложно, тие градеа партиски музеи, партиски цркви и џамии и како круна на лудилото ја изградија Белата палата како црн споменик против корупцијата, тие поттикнуваа меѓуетнички тензии, раздор и омраза, рече Спасовски.
Спасовски потсети дека реализирани се над 7000 проекти.
– Од централниот буџет ги раздолживме општините и 500 милиони евра за развој на локално ниво, а дел од средствата заврши и токму овде во Арачиново, најдобрите проекти носат развој, токму тоа го гледате тука, во времето на режимот најмалку се вложуваше, а СДСМ вложува во реални и видливи проекти, недозволиво е населено место на 10 км од Центарот да нема канализација, затоа изградивме 10 км канализација, за некој ден ќе почне да се гради и првата детска градинка, го реновиравме и старото училиште, нова општинска зграда, рече Спасовски.
Тој најави дека следуваат нови проекти кои ќе бидат моторот на промените, водоводна мрежа и прочистителна станица, дивата депонија стане парк.
-Резултатите се видиливи, ја зголемивме минималната плата за над 6000 денари, просечната плата континуирано растат како и пензиите, градевме патишта, изградивме 60 градинки, 60 училишта, полициски станици, ја вративме довербата во полицијата, имавме концепт за едно општество за сите, Арачиново е концепт на дело, покажавме дека може да има соживот и рамноменрен развој, еднакви услови за живот и во урбаните и руралните средини, не ги делиме граѓаните по ниту еден основ, зголемување на животниот стандард и инфраструктурата, ова е најдоброто и е постигнато за само четири години, рече тој.