„Мора да земеме поента и да сфатиме што е направено во општина Аеродром и тоа да не се повтори. Целта сега треба да биде планската и хумана урбанизација да продолжи кон руралниот ден. Нема дилеми, таа лакрдија што се случи во урбаното централно јадро на општината доаѓа при самиот крај и тука веќе нема простор за градење“ кажа кандидатот за градоначалник на општина Аеродром од СДСМ и коалицијата, Александар Филиповски на дебатата на „Само вистина“ на Канал 5 ТВ.
Тој додаде дека на веќе донесен детален урбанистички план е многу тешко да се спречи реализацијата, бидејќи тоа што е направено не може да се спречи.
„Доколку се преземе нешто и се одземат дозволите треба да дојде до обештетување, кое ќе биде на штета на граѓаните. За некој што претходно правел глупости, сега треба да даваат граѓаните пари, да се намалува буџетот и да се донесе пред колапс целата општина. Доколку Златко Марин на тој начин тргнеше да ги решава сите детални урбанистички планови, општината ќе беше во колапс“ рече Филиповски во врска со неспречувањето на реализирањето на деталните урбанистички планови донесени од претходно.
Филиповски најави изградба на парк после делот на паркот Авионче на површина од околу пет илјади метри квадратни.
„Таму реално може да се постави парк, во урбаниот дел нема простор за тоа. Вие ветувате сто илјади метри квадратни паркови, каде ќе бидат тие паркови? Ние знаеме дека во Аеродром нема простор за толку паркови, потребни се, но нема простор“ кажа Филиповски обраќајќи се до неговиот противкандидат предложен од ВМРО-ДПМНЕ; Тимчо Муцински.