Заев: Со Константин Георгиевски,  европски Охрид, ќе се издигне таму каде што му е местото – во ризниците на УНЕСКО

Комитетот за светско наследство на УНЕСКО ги препозна и уважи напорите на Владата и на локалната сапоуправа во Охрид, предводена сегашниот и иден градоначалник Константин Георгиески и со консензус донесе одлука природното и културното наследство на Охридскиот Регион да не биде впишано на листата на светско наследство Во опасност, истакна претседателот на СДСМ Зоран Заев, вечерва во Охрид, во рамките изборниот караван на СДСМ и Коалицијата „Најдоброто за мојата општина”.
Заев нагласи дека работата не е завршена, мора да продолжат да се спроведуваат препораките на УНЕСКО и одлуките на Комитетот за светско наследство, а тоа ќе се постигне со максимална ангажираност и посветеност и заедно, бидејќи режимските криминалци пак би го урнисале постигнатото.
За Охрид, да се издигне каде што му е местото, во ризниците на УНЕСКО – како заштитено природно културно наследство, без закани и опасности, но и за да го издигнеме Охрид каде што му е местото – меѓу врвните европски градови од светски интерес, со унапреден туризам потребно ни е да го задржиме континуитетот на напредокот на Охрид, затоа што Охрид е нашето Најдобро и затоа што Охрид го заслужува Најдоброто, порача Заев.
Тому затоа тој од охриѓани побара поддршка за уште еден градоначалнички мандат за успешниот градоначалник Константин Георгиески, кој покажа дека работи одговорно, чесно и домаќински и кога беше најпотребно на дело покажа грижа за природните, културните и духовните вредности на градот.
Константин Георгиески, заедно со советниците предводени од носителот на кандидатската листа, Науме Јованоски, имаат желба, имаат знаење, имаат волја, општина Охрид да биде заеднички, убав, среден, топол, сигурен, чист, безгрижен, модерен, европски дом за секој жител и секое семејство, порача Заев.
Константин Георгиески ја има поддршката од центалната власт за да го унапреди Охрид од „балкански Ерусалим” во  „европски Охрид”, тоа ќе го постигнеме со Најдоброто,  затоа на 17 октомври гласајте за број 12 за Констатнин и советничката листа, за Најдоброто, порача претседателот на СДСМ Зоран Заев на изборниот караван на СДСМ и Коалицијата „Најдоброто за мојата општина” во Охрид.

 

Треба да знаете
Последни објави