Денеска во Младинскиот културен центар- МКЦ во Куманово, се одржа младинска трибина организирани од СДММ Куманово. На трибината присуствуваа вицепремиерот Фатимир Битиќи, Марко Михаиловски претседател на СДММ Македонија, кандидатот за градоначалник Оливер Илиевски и други членови од партиското раководство.
„Големите градови имаат можност и за младите, ние мора да создадеме можности, за напредок, за повисоки плати, за Најдоброто во Куманово!“-истакна Илиевски.
„Заедно со вицепремиерот Битиќи да ги интегрираме младите во приватниот сектор, да инвестираме во економски зони“-рече Илиевски.
Тој исто така, потенцираше дека треба да се зборува за Дигитално Куманово, за технолошки развиен центар кој ќе ги вмрежи младите во хабови со можности за развој на сопствен бизнис, а не да работат во комунални претпријатија.
„Да работат за високи плати во информатичко-комуникацискиот сектор, на развој на нови технологии, да ги подготвиме новите лидери за влез во новата дигитална индустриска ера.“- заврши Илиевски.