Пожар избувнал синоќа во 1:10 часот по полноќ во хотелот „Арабела” во Кичево, при што била опожарена канцеларијата на ДУИ , каде што беше сместен изборниот штаб на оваа партија.
На местото излегле полициски службеници од Полициската станица Кичево, соопшти МВР.
За огнената стихија бргу е интервенирано од страна на ТППЕ Кичево, од каде добивме информација дека се дејствувало со три возила и шест пожарникари. Пожарот најпрво е локализиран и околу 2 часот и целосно ликвидиран.
Како што соопшти МВР во пожарот нема повредени лица.
Материјалната штета и причините за пожарот допрва ќе се утврдваат.