Австрискиот канцелар Себастијан Курц вечерва поднесе оставка. Тој го предложи министерот за надворешни работи, Александар Шаленберг, за негов наследник.
Шаленберг е 52 -годишен австриски дипломат, адвокат и политичар. Роден е на 20 јуни 1969 година во Берн. Од 2019 година, е министер за надворешни работи во владата на канцеларот Себастијан Курц.
Како син на австриски амбасадор, тој израснал во Индија, Шпанија и Франција. Од 1989 до 1994 година студирал право на Универзитетот во Виена и во Париз. По дипломирањето, ги продолжил студиите на Европскиот колеџ до 1995 година.
Во 1997 година, Шаленберг влезе во австриското Министерство за надворешни работи. На 3 јуни 2019 година, тој ја наследи Карин Кнајсел како министер за надворешни работи на Австрија. Тој ја задржа својата позиција во вториот кабинет на Себастијан Курц.
Татко е на четири деца и е разведен.
Шаленберг, дури и во преодната влада, продолжи по курсот на Курц по прашањето за проширувањето на ЕУ. Тој продолжи силно да го поддржува во рамките на ЕУ проширувањето на Унијата кон Западен Балкан и е еден од министрите кои отворено се спротивставија на одбивањето да се започнат преговорите за пристап со Македонија и Албанија.