Поранешниот француски премиер Едуар Филип основаше партија, наречена „Хоризонти”, со цел да ја прошири поддршката за претседателот Емануел Макрон кон десно пред претседателските избори закажани за пролетта 2022 година.
Филип, кој е градоначалник на Авра на север, беше премиер од мај 2017 до јули 2020 година.
Тој пред неколку пратеници ги претстави основните насоки на новата партија и вети дека ќе го поддржи центристот Макрон доколку се кандидира на претседателските избори.
Според него, партијата ќе има логика на партнерство и собирање со јасна поддршка за Макрон, така што следните пет години, колку што трае претседателскиот мандат, ќе бидат „корисни години” за Франција.
„Мојата цел во 2022 година е многу јасна, а тоа е претседателот Макрон да биде реизбран”, рече Филип, за кого многумина мислеа дека самиот ќе се кандидира за претседател.