Заев: Од долг од 1,6 милијарди денари, денеска Охрид е пред раздолжување, го преземавме и Колекторскиот систем, е тоа значи Најдоброто!

Успеавме државата да ја поставиме на патот на напредокот и со тоа создадовме простор силно да се посветиме на општините – за забрзан локален економски развој и напредок на секоја општина. нашата понуда, проектите што ги најавуваме – се сигурни и се реалност, затоа што ние се водиме исклучиво од интересите на државата, на граѓаните и на општините, порача вечерва претседателот Заев вечерва во Охрид.
Осврнувајќи се на досега реализирани проекти, Заев посочи дека центраната власт е целосно посветена на Охрид како една од најважните општини во државата.
„Овде во Охрид, во овој регион се реконструираа бројни патни правци, се инвестираше во нови водоводи и канализации. Покрај сите овие проекти, 500 милиони денари вложивме во Охрид за да му помогнеме да се раздолжи и од 1.6 милијарди денари долг, денеска Охрид е пред целосно раздолжување. Го презедовме Колекторскиот систем, формиравме национално претпријатие Колекторски систем и инвестиравме над четири милиони евра за 2.5 колометри колекторски систем. Тоа е вистинска грижа за Охрид, тоа е одговорен, домаќински пристап кој гарантира развој и напредок.
Претседателот Заев порача дека за Охрид е многу направено, но ќе се направи уште повеќе во следните години.
„Следува уредување на плажите по мерка на граѓаните и туризмот, во солгасност со природата, градот ќе добие функционално решение за неговиот централен и најфреквентен дел а Студенчишко Блато да биде парк на природата. За сето ова да се реализира, потребни ни се луѓе со визија, проевропски луѓе кои се подготвени да работат посветено на Охрид и нивните граѓани. А такви луѓе Константин Георгиевски, Науме Јованоски и останаттите 22 кандидати на советничката листа. Затоа ве повикувам, на 17 октомври да гласате за број 12, да гласате за Најдоброто за Охрид”, порача вечерва претседателот Заев.

 

Треба да знаете
Последни објави